Покрај војната, Украинките сакаат да се борат за ЕП во Македонија

Женската репрезентација на Украина има намера да продолжи со настапите во квалификациите за ЕП 2022 година кое заеднички ќе го организираат Македонија, Црна Гора и Словенија

Ракометната федерација на Украина веќе го испратила својот став до ЕХФ, но и до селекциите кои се натпреваруваат во четвртата квалификациска група (Хрватска, Франција и Чешка). Украинската репрезентација е подготвена своите домашни натпревари да ги игра на неутрален терен.

До овој момент избраничките на Виталиј Андронов одиграа два натпревари: На гости ја совладаа Хрватска (22:23) и изгубија од Франција дома со 28:25.

Датумите и местата каде би играла Украина секако треба да бидат одобрени од ЕХФ. До крајот на квалификациите тие треба да играат два натпревари со Чешка (дома и гости) и по еден со Франција (гости) и Хрватска (дома).

СИТУАЦИЈАТА ВО ГРУПАТА: 1. Франција – 8 бода (четири натпревари) 2. Украина – 2 бода (два натпревари. 3. Хрватска – 2 бода (четири натпревари) 4. Чешка – 0 бода (два натпревари)