Познат возниот ред: Младинките стартуваат против БиХ на ЕХФ шампионатот во Македонија

Македонија ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот во младинска конкуренција за ракометарки до 19 години. ЕХФ шампионатот ќе стартува на 10 јули и својот крај ќе го има на 18 јули.

Вкупно ќе учествуваат 9 репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи. Во првата група ќе има место за четири, додека втората ќе ја сочинуваат пет репрезентации. Велика Британија го откажа своето учество.

Репрезентацијата на Македонија првиот натпревар ќе го одигра против Босна и Херцеговина на 10 јули. На 12 јули, Македонија силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Фарски Острови, додека на 14 јули предизвик за Македонија ќе биде Холандија.

Последниот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра на 15 јули против Косово. Избраничките на Љубомир Савевски сите четири натпревари ќе ги одиграат во 20:30 часот. Комплетниот распоред од А и Б групата може да го погледнете во продолжение.