ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија без најискусните, Црна Гора со Радичевиќ и Мехмедовиќ

Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра вториот натпревар од ЕХФ Евро Купот.

На гостински терен во Никшиќ, против селекцијата на Црна Гора, Македонија ќе биде без најискусните во ростерот – Сара Ристовска и Елена Ѓоргиевска.

На нивно место шанса ќе добијат уште две дебитантки во сениорскиот дрес – Александра Коловска и Марија Гугуљанова.

Во ростерот ќе биде и голманката Матеја Серафимова. Натпреварот меѓу Црна Гора и Македонија се игра вечерва од 20:30 часот.