ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер со капитенот Периќ, кај Нексе се враќа искусниот Кевиќ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ги очекува реванш натпреварот против Нексе Нашице од осминафиналето во Лигата на Европа.

Битолчани ќе бркаат три гола негатива, бидејќи загубија со 29-26, а тоа ќе го прават со помошта на капитенот Јосип Периќ.

Во ростерот го нема средниот бек Марио Танкоски, а другите ракометари се истите што играа и на првиот натпревар во Нашице.

Кај Нексе во ростерот се враќа искусниот среден бек Јанко Кевиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.