ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со еден пивот на мегдан на Рајн Некар Левен

Ракометарите на Вардар денеска го игра првиот натпревар од квалификациското коло во Лигата на Европа.

Стратегот Владо Недановски го одреди составот што ќе му се спротивстави на фаворитот, а меѓу 16 вардарци има само еден пивот.

Милан Лазаревски ќе води сам голема борба на линијата од шест метри, а од составот отпаднаа Михаил Аларов и Стефан Атанасовски.

Во составот ќе бидат сите седум засилувања за новата сезона – Петриќ, Срдановиќ, Николиќ, Мело, Родригез, Јасухира и Алонсо.

Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар Левен се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19:00 часот.

.
.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.