Познати се термините за двомечот меѓу Македонија и Романија

Европската ракометна федерација ги потврди термините за двомечот меѓу Македонија и Романија во рамките на баражот за Светското првенство во Шпанија.

Првиот меч на програмата е на 17 април, со почеток во 17:00 часот во салата „Поливалента“ во Букурешт.

Поради тоа што СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде зафатена со вакцинација против коронавирусот, реваншот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 21 април со почеток во 17:45 часот.

Женската репрезентација стигна до овој бараж двомеч по трите победи на квалификацискиот турнир над Литванија, Исланд и јужниот сосед.