ПОЗНАТИТЕ СОСТАВИТЕ: Вардар без двајца од првиот меч – шанса за Стојановски, РНЛ без еден голман

Двократниот европски првак Вардар денеска сосема извесно ќе се збогува со европските настапи за оваа сезона.

„Црвено-црните“ гостуваат кај Рајн Некар Левен со негатива од девет гола по првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа и со желба за достојно простување од Европа.

Тренерот Владо Недановски кој во Германија ќе смета на 15 ракометари, направи две промени во однос на првиот натпревар.

Против Рајн Некар Левен нема да играат Кубанецот Хансер Родригез и Ален Ќосевски, а во составот е кадетскиот репрезентативец Марио Стојановски.

Германскиот тим ќе биде исто така со 15 ракометари на овој дуел, а во однос на првиот меч во составот не е голманот Давид Шпат.

Натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Вардар се игра денеска со почеток во 16:00 часот, а ќе го судат Летонците Богдановс и Чернавскис, додека делегат е Новак од Чешка.