Победничко селфи на ѓорчепетровки, „лавиците“ му се одмаздија на Куманово (ФОТО)

Ракометарките на Ѓорче Петров се блиску до 18. титула во Женската лига, откако славеа на гости кај Куманово со 22-27.

Иако домаќинките немаа загубено меч од домашната конкуренција, сепак попуштија во најважниот натпревар оваа сезона. Кумановки славеа во Ѓорче на првиот меч со 20-24, но гостинките им се одмаздија.

Последната рунда се игра следниот викенд. На Ѓорче Петров ќе му биде потребна победа над Металург, додека Куманово ќе мора да слави на гости кај Деспина и да чека кикс на ѓорчепетровки.

Триумфот во Куманово беше одбележан со победничко селфи.