Победничко деби на Петрески, Тиквеш славеше над Аеродром!

Најголемиот фаворит за место во Суперлигата следната сезона, Тиквеш, иако веќе го има обезбедено местото во плеј-офот на Првата лига, сепак не попушта во темпото.

Новиот тренер на кавадарчани Томе Петрески има победничко деби, откако неговите избраници славеа кај Аеродром со 26-33 во претпоследното коло од регуларниот дел на Првата лига.

Првото полувреме беше израмнето, а клучната предност кавадарчани ја направија на средината на вториот дел. Јанчев со седум голови беше предводник на Тиквеш, додека кај Аеродром се истакна Младеновиќ со осум погодоци.

По овој пораз на Аеродром, како и по поразот на нивниот директен конкурент за место во плеј-оф, Јехона, разликата остана три бода во корист на Аеродром, па во последното коло ќе им треба најмалку бод за сигурно место во разигрувањето.