Пешевски: Фаворити сме на хартија, но Романија е сериозен противник

Македонската репрезентација утре ја очекува првиот натпревар баражот во двомечот против селекцијата на Романија.

Нашата репрезентација е фаворит во овој натпревар, но секако тоа ќе треба да се оправда на теренот, затоа што и Романците предводени од Чави Пасквал сигурно нема да излезат на теренот бело знаме. Жарко Пешевски пред овој натпревар истакна дека Романците не смееме да ги потцениме.

„Може да се каже дека сме фаворити на хартија, но како што поминува времето Романија покажува дека е сериозна репрезентација и сериозен противник против кој треба машки да се испотиш, да се спремиш максимално добро и мислам дека детали ќе решаваат на крајот“

Целта ќе биде да се искористат слабите страни.

„Романија негува шпански систем кој го практикуваат многу екипи во Европа, имаат полетни млади играчи, играат во квалитетни лига како што е романската, имаат и квалитетни интернационалци. Како што кажав тие се сериозен противник, меѓутоа имаат и слаби страни за кои се подготвуваме и ќе се обидеме да ги искористиме нивните слаби страни

Реваншот е закажан за в сабота во Букурешт, а подобриот од овој двомеч оди на дуел со Чешка (13/14 април и 16/17април). Натпреварот утре Македонија и Романија го играат во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.