Пешевски: Ветувам дека ќе се вратиме посилни

Македонија имаше лошо издание во наптреварот кој беше одлучувачки за пласманот понатаму и доживеа пораз од Австрија со 32:28. Пикерот Жарко Пешевски имаше свој коментар после натпреварот и вети подобри игри во иднина на репрезентацијата.

„Започнавме во грч, промашивме неколку зицери од чисти и изгледни ситуации. Потоа се вративме во натпреварот но кон средината на првото полувреме следеше еден пад. Како што го завршивме првото полувреме така продолживме и во второто со промашени чисти шутеви и имавме избрзани грешки. Потоа се освестивме дека можеме да се вратиме во игра, се консолидиравме дадовме се од себе и на крај заврши како то заврши. Сакам да се заблагодарам на сите што беа со нас, што не бодреа и што губеа живци овие пет-шест дена и сакам да им ветам дека ќе се вратиме посилни“, изјави Пешевски.

Со овој пораз репрезнтациајта на Македонија ги заврши настапите на Европското првенство со остварена едан победа над Украина и два порази од Чешка и Австрија.