Петковски го водеше Драчево до убедлив триумф над Шампион

Ракометарите на Драчево во претпоследното коло од плеј-оф фазата во Првата лига стигнаа до убедлива победа против Шампион со 44:28.

Драчево планираните три бода ги запиша уште во првото полувреме, кое го доби со девет гола разлика, 22:13.

Најефикасен во победничката екипа беше Димитар Петковски со 13 постигнати погодоци, додека по осум реализации имаа Филип Дабевски и Ѓорѓи Дука.

Во редовите на Шампион се истакнаа Живко Петровски со осум и Христијан Сибиновски со четири погодоци.

Екипата на Драчево останува на 3. позиција на табелата, сега има 37 бода, додека второпласираниот Аеродром има бод повеќе, односно 38. Второто место во прволигашкиот плеј-оф носи директен пласман во македонската елита.

Избраниците на Велимир Настески во последното коло ќе имаат тежок предизвик, бидејќе ќе му гостуваат на Мулти Есенс.