Петка за Пешевски, победа и пораз на Кузмановски и Талески

Македонските интернационалци во Бундес лигата, Филип Талески, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со своите екипи имаа натпревари пред своите гледачи. Пешевски со Штутгарт и Кузмановски со Магдебург се радуваа на победи, додека Талески со својот Балинген беше немоќен во дуелот против Кил.

После поразот во претходното коло од Кил, ракометарите на Штутгарт победија. Тие во беа подобри од Ерланген со 30:24. Репрезентативниот пикер Жарко Пешевски имаше одличен настап, постигна пет гола од пет шута и беше втор стрелец во својот тим.

Филип Кузмановски со Магдебург славеше против Лајпциг со 28:26 во натпревар во кој имаа целосна контрола на резутатот. Уште по првиот дел ја најавија победата кога беше 15:9, а до крај немаа проблеми да го сочуваат водството. Кузмановски постигна два гола.

Кил го растури Балинген на негов терен, а македонскиот репрезентативен бек Филип Талески постигна еден погодок од четири обиди. Кил доминираше на теренот во текот на сите 60 минути, а дополнителни проблеми на Балинген им создаваше Ландин кој беше несовладлив и забележа 18 интервенции.

Во останатите натпревари Рајн Некар не успеа да направи целосен пресврт за да слави против Лемго и ги поделија бодовите. Минден го изнеанди Фуксе Берлин, а Гепинген беше убедлив кај најслабиот тим во лигата Нордхорн.

24. коло Бундес лига
РЕЗУЛТАТИ

Mинден – Фуксе Берлин  30:25 (15:12)
Балинген – Кил 20:32 (11:18)
Магдебург – Лајпциг 28:26 (15:9)
Нордхорн – Гепинген 20:30 (9:15)
Рајн Некар – Лемго 29:29 (14:18)
Штутгарт – Ерланген 30:24 (16:12)