Перуничиќ: Целта е втора фаза на ЕП, но можеме и повеќе

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Ненад Перуничиќ во пресрет на Европското првенство зборуваше за целите на неговиот тим и истакна дека главната цел е втора фаза.

„Не сме комплетни од почетокот на подготовките, но веќе сме навикнати. Повредите се дел од спортот, а ги чекаме момците кои играат во Бундес лигата. Се оди според планот, имаме одлични услови во Ковилово и сме посвететни на нашите цели. Важно е да бидеме здрави. Примарната цел е да го поминеме првиот круг, а мое мислење е дека овие момци можат и повеќе од тоа“, рече Пернучиќ.

Тој се осврна и на противниците во групата, Србија ќе игра во Грац против Хрватска, Црна Гора и Белорусија.

„На последните неколку првенства Белорусија е редовен учесник, опасна и добра екипа покриена на сите позиции. Секако дека нив највеќе ги анализираме, првите два натпревари го одредуваат понатамошниот тек на првенството. Хрватска добро ја познааваме и знаеме што можат. Црна Гора е млада екипа во налет после победата над Данска во квалификациите. Потполно сум сигурен во моите момци, се чувствува дека добро се познаваат и за некои работи ни се потребни помалку повторувања. Како добра подготовка ќе ни послужи турнирот во Франција. Ќе имаме можност да ги одмериме силите со најдобрите во светот. Мило ми е што сојузот одлучи да не се враќаме во Србија за да не губиме време после турнирот. Го почитувам Божиќ, знам дека треба да сме дома и го форсирам тоа, но сега многу ни е важно првенството и оваа шанса“, заврши Перуничиќ.

Србија ќе одигра две пријателски средби против Египет на домашен терен, а од 3 до 5 јануари ќе игра против Франција и Норвешка во рамките на турнирот од Златната лига.