Падна првата жртва на Европското првенство, една репрезентација остана без селектор

После завршувањето на првата фаза на Европското првенство веќе падна и првиот отказ за селектор кој водеше репрезентација на шампионатот.

Се работи за стратегот на Украина, Сергеј Бебешко, кој поднесе оставка после завршувањето на настапот и неосвојувањето на ниту еден бод.

Бебешко е разочаран од направеното и затоа одлучи да ја напушти позицијата селектор поднесувајќи неотповиклива оставка така што Ракометната федерација на Украина ќе мора наскоро да постави нов селектор бидејќи веќе во април претстои бараж натпревар за Светското првенство во Египет во јануари во 2021 година.