Охрид славенички во „езерското дерби“ против Струга

На Охрид му требаа 54 минути за првпат да поведе на дуелот со Струга, но потоа охриѓани до крајот за задржаа предноста и славеа со 24-22 (10-12) во мечот од 6 коло од Група А од машката Супер лига. Сега Охрид се искачи на 4. место на табелата со 9 бода, оставјќи ја Струга зад себе со два бода помалку.

Откако Ончев во 54 минута првпат на мечот му донесе водство на Охрид, 20-19 следуваше период во кој гостите ги искористија сите укажани шанси. Прво Струга имаше загубена топка, а во следниот напад погодина статива. Потоа Рикановиќ одбрано уште еден шут на охриѓани.

Но, Турчинот Озтурк со два гола по ред му ја донесе највисоката предност на својот тим, 22-19 во 57 минута. Малку врем еостануваше за Струга чии ракометари беа непрепознатливи во однос на она како играа во првиот дел. На две минути пред крај н амечот Владимир Бојаниќ зголеми на 23-20 за Охрид и тоа веќе беше крај на сите надежи за домаќините дека можат барем да спасат бод.

Последните шест минути од мечот беа единствен период во кој Охрид водеше, но во текот на мечот не се предаваше ниту кога бркаше негатива, особено во првиот дел. Откако во 40 минута Озтурк го израмни резултатот на 15-15 им даде мотив на соиграчите, не само да се вратат во игра туку и да запнат за да победат.

Од самиот почеток на средбата Струга имаше мотив за докажување, и откако првпат поведе со 1-0 не му дозволи на ривалот да направи пресврт. Охрид единствено неколкупати израмнуваше (5-5, 6-6, 7-7, 8-8 и 9-9). Во меч на кој имаше многу технички грешки на двете страни последните минути од првиот дел му припаднаа на домаќинот.

Пред крајот на првото полувреме Струга првпат дојде до водство од „плус 3“, 12-9 со голот на Ненад Костоски. И тоа во моменти кога домашните имаа и играч помалку по исклучувањето на Петар Бугариновиќ. Тоа беше период во кој Струга со серија од 3-0 го направи највисокото водство.

Ако Охрид добро ја имаше простурдирано играта на интернационалците на Струга, малку заборави на другите и ги остави слободно да играат „домашните“.Тоа најмногу го искористија Бобан Блажевски и Ненад Костоски, кои заедно постигнаа девет од 12-те голови на домаќините.

Охрид тешко наоѓаше начин како да ја пробие одбраната на соседите, акциите тешко поминуваа, а правеа и доста технички грешки. Во таква игра подобро се снаоѓаа стружани. Но, тоа беше само во првиот дел од средбата. Потоа ситуацијата целосно се смени.

Во тимот на победникот, шест гола даде Деан Шешиќ, пет постигна Халил Озтурк, додека Бладимир Бојаниќ и Тоше Ончеш погодина по четири пати. Кај домаќините Бобан Блажевски постигна 8 гола (четири од пенал), а Ненад Костоски даде 5 гола.