Охрид на подготовки во Црна Гора, триумфираше на контролата против Будва

Ракометарите на Охрид ги продолжија подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата во Црна Гора.

Избраниците на Раде Стојановиќ го одиграа првиот пријателски натпревар и славеа против Будва со 39-32, откако и на полувреме имаа плус два, 19-17.

Најдобри стрелци на натпреварот беа Филип Николов со 12 гола и Мице Шилегов со постигнати 8 гола. Јагош Брауновиќ го сочува голот и заокружи 8 интервенции.

Охридските ракометари во петок и сабота ќе одиграат уште два натпревари против екипата на Ловќен од Цетиње.

Охрид се наоѓа на делба на петтото место во Суперлигата со Пролет и Тиквеш и ќе се бори за место во плеј-офот.