Охрид има нов голман – доаѓа Даниел Ацев

Тимот на Охрид одамна беше во потрага по голман што ќе му прави друштво на Јагош Брауновиќ, но имаше неколку неуспешни обиди.

Сепак за пролетниот дел од сезоната, Раде Стојановиќ, ќе може да смета на Даниел Ацев, кој покрај езерото доаѓа како позајмен од прволигашот Голден Арт.

Во редовите на прволигашот бранат Златко Даскаловски и Виктор Василевски, па Ацев немаше голема шанса есенската полусезона да ги покаже своите квалитети.

Охрид реши едно прашање, а во однос на тимот што играше во есенскиот дел од сезоната, си замина десниот бек Алекса Милошевиќ.

Охрид се наоѓа на делба на петтото место на табелата со Тиквеш и Пролет, и има шанси да се избори за место во плеј-офот.