ОФИЦИЈАЛНО: Мохамед Суси го засили Еурофарм Пелистер!

Тимот на Еурофарм Пелистер денеска потврди дека тунискиот репрезентативец Мохамед Суси доаѓа во Битола. 29-годишниот лев бек потпиша договор на една година, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни. Трансферот е официјализиран откако ракометарот денес пристигна во Македонија и ги мина задолжителните медицински прегледи.

Долгогодишниот репрезентативец на Тунис доаѓа во Битола по долги години елитен ракомет во Франција. Минатата сезона го носеше дресот на Трембле, а претходно три сезони играше во Лигата на шампионите за Монпелје. Бени Киар и Клуб Африкан се негови клубови во тунискиот шампионат. Со Монпелје стана европски првак во 2018 година, а следната сезона со истата екипа го освои и Суперкупот на Франција.

Суси има преку сто настапи за туниската репрезентација, настапи на три Светски првенства и еден олимписки ракометен турнир. Со својата селекција го освои првенството на Африка во Габон во 2018 година, а две години подоцна беше сребрен на домашен терен. Со Тунис има и сребро на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.

Суси е висок 193 сантиметри и тежок 98 килограми. Суси веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ларс Валтер на тренинзите на екипата во Струга.