ОФИЦИЈАЛНО: Васко Димитровски уште една година во Еурофарм Пелистер 2

Откако ги обнови договорите со Стефан Дрогришки, Стефан Талевски и Иван Димитровски, тимот на Еурофарм Пелистер 2 се договори за продолжување на соработката и со уште еден важен играч.

Иако беше најавено дека нема да го продолжи својот престој во Битола, сепак капитенот Васко Димитровски и следната сезона ќе носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.

Искусниот Димитровски, освен за битолскиот клуб, настапуваше за Вардар и Прилеп во Македонија, како и за унгарскиот Егер Естерхажи.

Во новата сезона тренер на Еурофарм Пелистер 2 ќе биде Александар Јовиќ, а досега тимот се засили со левото крило од Струга, Цветан Кузманоски и пивотменот од Металург, Филип Арсеновски.