ОФИЦИЈАЛНО: „Вардарецот“ Њокас се сели во јужниот сосед – ќе игра за Олимпијакос!

Тоа што одамна беше најавено, денеска доби официјализација. Францускиот лев бек Оливие Њокас е нов ракометар на шампионот на јужниот сосед, Олимпијакос.

По Роберт Вебер, Томас Бауер, Елмир Граџан, францускиот интернационалец е уште едно засилување за амбициозниот клуб.

„Среќен сум што доаѓам во едно од најголемите спортски друштва во светот, со успеси во сите спортови. Голема е честа да се биде дел од Олимпијакос и се надевам на големи нешта оваа сезона, верувам дека можеме да ги направиме. Ќе се обидеме да ја задржиме титулата. Сакам да ја почувствувам атмосферата што ја прават навивачите овде, а сум ја гледал на фудбал и кошарка. Едвај чекам да дојдам во Олимпијакос“, вели Њокас.

По шпанскиот Алкобендас, бундеслигашот Балинген и македонскиот првак Вардар, Олимпијакос ќе биде четвртиот странски клуб за Њокас, кој има настапувано за ПСЖ, Кретеј и Нант во татковината.