Останал заклучен во соблекувална среде натпревар на Европското првенство!

Германскиот лев бек Јулиус Кун бил заклучен во соблекувалната по паузата на полувремето од натпреварот меѓу неговата селекција и Белорусија, кој се одигра вчера.

„Останав последен во тоалетот и почнав да се сомневам дека нешто чудно се случува. Кога сфатив дека второто полувреме веќе започна, почнав да паничам и да тропам на вратата од соблекувалната. Добро е што обезбедувањето ме слушна и можев да се вратам на теренот во вториот дел“, вели Кун.

Следен предизвик за Кун и неговите соиграчи ќе биде натпреварот против Хрватска и Лино Червар.