Освои четири медали на ЕП и СП, а сега ќе води турскиот шампион!

Хеле Томсен, која во последните две сезони беше на клупата на норвешкиот тим Молде е пред потпис со турскиот шампион Кастамону, пишува „Hentbol Gazete“.

Кастамону аплицираше за место во Лигата на шампионите, но не го доби, па Томсен ќе мора да се задоволи со настап во второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа.

Некогашната данска репрезентативка, која како предводник на женската репрезентација на Холандија освои четири медали од големите натпреварувања, ќе има малку поинаков предизвик во кариерата.

Томсен предтходно освен селекциите на Холандија и Шведска, беше тренер на Митјиланд и ЧСМ Букурешт.