Ончев непогрешлив од седум метри во новата победа на Тримо

Екипата на Тримо Требње каде што настапува Тоше Ончев ја оствари третата победа во првенството на Словенија откако го совлада тимот на Иванчна Горица со 30:27.

Тоше Ончев уште еднаш придонесе во победата на својот тим со три гола и беше сигурен реализатор на седмерците.

Тримо имаше постојано водство, а на полувреме замина со предност од 16:12. Во продолжението без поголеми проблеми го приведоа натпреварот до крај за перфектен старт на сезоната.

Тримо после три кола е на првата позиција со шест бода пред Слован и Целје. Во следното коло Ончев и соиграчите гостуваат кај Марибор.