Ончев во ритам, Тримо Требње со нова победа

Македонскиот интренационалец Тоше Ончев кој настапува во Тримо Требње уште еднаш се радуваше на победа откако на гостувањето кај Добова тој и колегите се изборија за победа од 35:29.

Ончев имаше уште еден солиден настап во дресот на словенечкиот тим и натпреварот го заврши со три погодоци.

Тримо Требње добро играше уште во првото полувреме и полека ја градеше предноста. После 30 минути игра имаше солидни четири гола предност, 16:12.

Во продолжение без многу проблеми Ончев и соиграчите ја сочуваа предноста за конечен триумф. Тримо има одличен старт и по првите две кола има две победи.