Од Охрид во Полска – Зураб Цинцадзе потпиша за Азоти Пулави

По три години минати во Македонија и во Суперлигата, грузискиот репрезентативен голман Зураб Цинцадзе ќе има нов предизвик во кариерата.

Tој потпиша договор со полската екипа Азоти Пулави, со кој се обврза да остане таму најмалку до 2025 година.

Грузискиот голман кариерата ја започна во Пегасус, пред да дојде во Македонија, каде што ги бранеше боите на Прилеп и Охрид.

Одличните партии во нашето првенство и во квалификациите за ЕП 2024 со Грузија, го препорачаа за трансфер во Полска.

Со Азоти Пулави следната сезона ќе игра во Лигата на Европа.