Од Металург во Решица – Кбилашвили ќе му се придружи на Орјоникидзе

Тимот на Металург ја прекина соработката со грузискиот среден бек Иракли Кбилашвили, иако тој имаше уште една година договор.

Поради исполнетата квота за странски ракометари, во Автокоманда ќе биде ангажиран друг среден бек од најдобрите европски репрезентации, кои според правилото на РФМ треба да бидат во ТОП 15.

Кбилашвили, пак, од следната сезона ќе игра во романскиот шампионат, во екипата на Решица.

Таму веќе потпиша некогашниот лев бек на Прилеп и Пелистер, Теимураз Орјоникидзе, па Кбилашвили ќе има грузиско друштво.