Одложен е само натпреварот Охрид-Струга, oд денешните резултати зависи новиот термин

Трагичниот настан кој го потресе ракометниот свет ќе влијае сигурно и на ракометарите кои треба денеска да се најдат на терен на натпреварите од 13. коло од плеј-офот во Супер машката лигата.

Официјално одложен е само натпреварот меѓу Охрид и Струга и овој натпревар ќе биде одигран во дополнително закажан термин. Другите три средби денеска ќе се играат со почеток во 19 часот како што беше предвидено и претходно. Со оглед на ситуацијата сите ќе почнат со минута молчење.

Средбата меѓу Охрид и Струга нема директно влијание за пласманот на табелата односно тимот на Охрид не е во можност да го помине Пролет, а нема директно влијание во трката за 3. позиција.

Во зависност од денешните резултати дополнително ќе се знае и дали овој натпревар ќе биде одигран пред 14. коло кое е предвидено за в среда или ќе се игра после комплетирањето на средбите од последното коло во плеј-офот.

Денеска од 19 часот ќе играат Металург – Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер и Пролет – Вардар.