Одличните игри беа забележани: Бојан Маџовски во идеалниот тим на СЕХА за февруари

Тимот на Еурофарм Пелистер беше елиминиран од хрватскиот Нексе Нашице во осминафиналето на регионалната СЕХА лига, но одличните игри на левото крило Бојан Маџовски на овие два меча не останаа незабележани и тој се најде во идеалниот тим за месец септември.

Најдобар голман е Морено Цар од Нексе Нашице, а во идеалниот тим место имаше уште за левиот бек Оливер Рабек, средниот бек Јанко Кевиќ, десниот бек Јовица Николиќ, десното крило Алекса Кљајиќ и пикерот Леон Вучко. Тренер на месецот е Хрвоје Хорват од Нексе Нашице.

Шампионот Вардар остана во игра за место на завршниот турнир и токму против Нексе Нашице ќе се бори за пат во Задар. Големи фаворити за пласман на Ф4 се Веспрем и Загреб, како и Мешков Брест.