Ракометарите на Прилеп дојдоа до победата број 4 во оваа сезона и се израмнија со Охрид и Тиквеш (натпревар помалку) откако денеска го совладаа тимот на Радовиш со 35:28.
Прилеп од почетокот на средбата имаше водство. Тргна со 3:0 и овие три погодоци беа добар старт на средбата во која постојано се имаше контрола. Радовишани беа добри ривали и парираа, но почетната криза беше клучна за да се зачува водството кое беше присутно до крајот на првото полувреме.
Главното внимание на двете страни како да беше ставено на нападот, па имаше многу голови. Водството на Прилеп најмногу стигна до четири гола, но главно беше три погодоци, па на одмор се замина со 20:17.
Во втрориот дел ефикасноста беше задржана. Продолжи играта на високо ниво во нападот, па тоа допринесе за многу голови и до крајот. Ритамот можеби падна малку, но домашните имаа целосна контрола. Радовиш не можеше да нападне посилно, па Прилеп лесно успеваше да има плус пет во поголем дел од средбата.
Со нешто подобра игра во одбраната се одеше кон триумф, кој беше потврден во завршницата од средбата.
Во 54. минута беше решено сè откако резулатот 32:27 беше сосема доволен за да може мирно да се одработат последните моменти од натпреварот. Прилепчани мирно дојдоа до крајот за конечни 35:28 и три бода со кои се доаѓа до збир од 12 поени со кои се израмнува со Охрид и Тиквеш (кавадарчани утре го играат својот натпревар). Со овие бодови сега е на граница од место кое носи во плеј-оф.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА