„Одиме на ЕП да се „истепаме“ со сите!“

По година и пол, некогашниот член на Вардар, Вук Лазовиќ, се врати во националниот тим на Црна Гора. Тој во меѓувреме замина да игра во Јужна Кореја, во тимот на Хоукс, но сега повторно е во репрезентацијата за голем настап.

По повредата на Небојша Симовиќ, селекторот Зоран Рогановиќ го повика Лазовиќ на помош, пред се за играта во одбрана.

„Голема е честа што пак сум дел од репрезентацијата, овие момци имаа сјајни настапи низ квалификациите. Тоа силно ме радува и едвај чекам да заиграм со момците. Ќе ја преземам главната улога во одбраната и ќе се потрудам да го направам тоа на најдобар начин. Ние мораме да играме борбено, како и секогаш да се „истепаме“ со сите, веќе прераснавме во сериозна репрезентација“, изјави Лазовиќ за црногорските медиуми.

Црна Гора на ЕП ќе игра во групата А во австриски Грац, заедно со Хрватска, Србија и Белорусија.