Одби 28.000 евра месечно за да стане тренер на Динамо Букурешт

Стратегот со кој Барселона ја освои титулата во Лигата на шампионите пред еден месец, Чави Пасквал во новата сезона ќе биде на клупата на Динамо Букурешт, а малку недостигаше да продолжи со работа во Германија.

Во рацете на Пасквал била понуда од 28.000 евра месечно, договор на неколку години и создавање на тим за битка за титулата во Бундес лигата. Клубот кој го сакал Пасквал е Мелзунген, но тој се одлучил да се пресели во Романија.

Оваа информација ја пренесува “Про Спорт”, кој ги открива деталите. Веќе е добро познато дека со доаѓањето на Лапорта на претседателската функција беше јасно дека Пасквал ќе си замине, па иако имаше договор, доби слободно.

Веќе е објавено дека покрај Мелзунген во своите редови го сакал и тимот на Алборг, но одлуката паднала на Динамо Букурешт веројатно бидејќи Пасквал веќе беше селектор на Романија со која во 2018 година загуби во баражот за СП против Македонија.

Според информациите платата во Динамо Букурешт ќе му биде 10.000 ера, но со одредени бонуси може да достигне до 15.000 евра месечно.