Овче Поле СУ напролет со три засилувања – дојдоа Анчева, Стојанова и Кузмановска

Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет во пролетниот дел од сезонаат во Женската лига ќе влезе со три нови ракометарки.

Станува збор за бекот Марија Анчева, која се враќа во Свети Николе по настапите за Пелистер, како и за пикерот Драгана Стојанова, која исто така го носеше битолскиот дрес.

Во тимот предводен од Илија Бетувски напролет ќе настапува и голманката од Кратово, Кристина Кузмановска Младеновска.

Овче Поле СУ есенскиот дел од сезоната во Женската лига го заврши на десеттата позиција со три победи и девет порази.