Норвежанката Кари Братсет е МВП на шампионатот во Шпанија

Ракометарката од Норвешка, Кари Братсет го доби престижното признание за МВП на последниот Мундијал на кој со своите колешки успеа да стигне до титулата после одличната партија во второто полувреме.

Братсет се најде пред конкурентките, но уште еднаш како што е веќе видено многупати, ракометарката која е МВП ја нема во ол-стар тимот.

Во најдобрата седумка има ракометарки кои играа во полуфиналето.

ОЛ-СТАР ТИМ

ГОЛМАН: Сандра Тофт (Данска)

ЛЕВО КРИЛО: Корали Ласурс (Франција)

ЛЕВ БЕК: Хени Рејстад (Норвешка)

СРЕДЕН БЕК: Грејс Зади Деуна (Франција)

ДЕСЕН БЕК: Нора Мерк (Норвешка)

ДЕСНО КРИЛО: Кармен Мартин Беренгуер (Шпанија)

ПИВОТ: Паулета Фопа (Франција)

МВП: Кари Братсет (Норвешка)

НАЈЕФИКАСНА РАКОМЕТАРКА: Натали Хагман (Шведска) – 71 гол