Нов проблем за Србија, остана без талентираниот Николиќ

Еден од најталентираните ракометари од Србија, Јовица Николиќ поради повреда ќе го пропушти Европското првенство. Тој ја обвнови повредата на рамото која го мачи последниот период.

18-годишниот ракометар на Војводина кој беше најдобар десен бек на кадетското Европско првенство е трет играч на кој Перуничиќ нема да може да смета за ЕП. Претходно отпаднаа повредените голмани Дејан Милосављев и Тодор Јандриќ.

„Ја обновив повредата на рамото, за жал. Веќе се вратив дома“, кратко изјави Николиќ.

Што се однесува на десните бекови селекторот Перуничиќ на располагање ги има Никола Црноглавац, Милан Милиќ, а Немања Зеленовиќ ќе се приклучи на тимот на почетокот на јануари.