Нов проблем за Раул: ПСЖ ќе мора без Никола Карабатиќ против Магдебург!

Францускиот ПСЖ веќе има три порази во сите натпреварувања во кои настапи од стартот на новата, а на повидок е нов проблемм за тренерот Раул Гонзалес.

Никола Карабатиќ нема да биде во ростерот за дербито во третото коло од Лигата на шампионите против Магдебург.

Иако не беше објавено дека е повреден, на неделниот натпревар со Тулуз кој ПСЖ го загуби, Карабатиќ во вториот дел воопшто не се влезе на теренот.

ПСЖ загуби на гости кај Веспрем во првото коло, но се рехабилитираше со домашен триумф против Висла Плоцк.

Сепак сигурно е дека ниту на челниците на францускиот клуб нема да им се допадне уште еден пораз во елитното натпреварување по само три кола.