Нов интернационалец во Германија – Едвин Омерагиќ потпиша за Биберау

Поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Едвин Омерагиќ, ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Левиот бек потпиша договор до 2024 година со германскиот тим Биберау, кој се натпреварува во Третата Бундес лига.

„Омерагиќ е ракометар каков што во моментов ни треба. Висок играч со голем напаѓачки потенцијал и добар дефанзивец. За кратко време се вклопи во екипата и ќе ни биде голема поддршка за следните натпревари“, велат од Биберау.

19-годишниот Омерагиќ досега ги носеше дресовите на Аеродром и Бутел Скопје, а минатиот август ги бранеше боите на Македонија на кадетскиот ЕХФ шампионат.