Ново признание за Лазаров, Данците го прогласија за најдобар десен бек

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров, доби уште едно признание, а ова доаѓа од ракометната публика во Данска.

Тој беше избран за најдобар десен бек во последните десет години така што ова е само уште еден доказ за неговите играчки квалитети.

Лазаров беше во конкуренција со Алекс Душебаев, Хорхе Македа, Ласло Наѓ и Холгeр Гландорф, нашиот репрезентативец доминира со 59%. Читателите на TV 2 DK гласаа за сите позиции, а Лазаров не е единствениот кој не е од Данска, а е во најдобриот тим.

Покрај Лазаров тука се и Французинот Никола Карабатиќ и Норвежанецот Бјарте Мирхол.

Во Топ 7 имаше место за:

ГОЛМАН: Никлас Ландин (Данска)

ЛЕВО КРИЛО: Андреас Егерт (Данска)

ДЕСНО КРИЛО: Ласе Сван Хансен (Данска)

ЛЕВ БЕК: Микел Хансен (Данска)

ЦЕНТРАЛЕН БЕК: Никола Карабатиќ (Франција)

ДЕСЕН БЕК: Кирил Лазаров (Македонија)

ПИВОТ: Бјарте Мирхол (Норвешка)

Во изборот за најдобрите седум беа и ракометарите на Вардар, Иван Чупиќ и Тимур Дибиров, но тие немаа доволно освоени гласови за да се најдат во Топ 7.