Нова епизода од романската серија: „Одлуката за странците не е донесена сега, тимовите имаа(т) време да се подготват“

Претседателот на ракометната федерација на Романија, Александар Деду реагираше на критиките после одлуката за ограничување на странските играчи од страна на Динамо Букурешт.

Со оваа одлука Динамо е најоштетен и најави дека доколку остане ваква одлуката тие нема да играат во првенството на Романија и ќе побараат друго првенство од соседните земји за да се натпреваруваат.

„Одлуката е донесена врз основа на факти, Управниот одбор му помага на Динамо. Оваа одлука е донесена пред една година и изненадувачки е што предизвикува вакви реакции сега. Тимовите имаат многу време за да се подготват за следната сезона и беа информирани така што имаа време да подготват стратегии и буџет. Оваа одлука не е донесена во интерес на никого и секако не е насочена против Динамо“, коментрираше Деду.

Динамо Букурешт обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите, а таму ќе се соочи со францускиот ПСЖ што предизвика огромна заинтересираност кај ракометната јавност во Романија.