Никој како Барселона, со перфектни 14 од 14 се прошета во групната фаза

Ракометарите на Барселона и Мотор Запорожје одиграа многу ефикасен натпревар во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. На овој дуел беа постигнати 76 гола, а победата му припадна на шпанскиот тим со 42:34 со што дојде до максимални 14 победи во Групата Б.

Натпреварот започна со брзи голови на двете страни, а гостите од Украина го имаа почетното водство. Отворија со 2:5 и 5:8 и беа во предност сè до десетата минута кога Барселона со голот на Мем израмни на 8:8.

Во продолжението Барселона го презема водството и контролата на резултатот. Циндриќ и Арињо погодија за 14:10 во 16. минута и за прво повисоко водство на домашниот тим. До крајот на првиот дел Барселона одржуваше позитива и на одмор замина со 23:18.

Второто полувреме не донесе ништо ново. Ракометарите на Чави Пасквал рутински одржуваа предност најчесто од шест-седум гола и сигурно го водеа натпреварот кон победа. До крајот без проблеми Барселона забележа нов триумф за перфектен учинок во групната фаза со 14 победи од исто толку натпревари.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дика Мем со осум гола, по пет постигнаа Палмарсон и Абељо. Перез де Варгас беше одличен со 13 интервенции на голот на Барселона. Во составот на Мотор најмногу се истакна Бокан со 11 погодоци, а пет гола постигна Хориха.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140