Никола Костески со солидна партија, Линц загуби од Брегенц

Екипата на Линц денес беше поразена од Брегенц со 29:26 во натпреварите од плеј-аут битката за опстанок во домашниот шампионат.

Ракометарите на Линц парираа до 10.минута од натпреварот кога имаа и водство од 3:2. Сепак, нивниот отпор траеше кратко, па така домашната екипа предводена од Марко Танасковиќ успеа да замине на полувреме со четири гола разлика, 15:11, и до крајот на натпреварот рутински го одржуваше своето водство.

Само шест ракометари во Линц се запишаа во листата на стрелци. Македонскиот интернационалец, Никола Костески одигра солиден натпревар и успеа да постигне три гола.

Во групата за опстанок, Линц се наоѓа на последното место без освоен бод. Во следното коло, Костески и неговите колеги на домашен терен го играат дуелот против Грац.