„Не се плашиме од Вардар, ’спиеме’ во сала за да се подготвиме подобро – охриѓани ќе има што да видат“

Македонскиот шампион Вардар во петтото коло од суперлигашкото друштво гостува кај составот на Охрид.

Охриѓани досега немаат забележано позтивен резултат со „црвено-црните“, но тренерот Горан Андоновски се надева дека утре тоа може да се промени.

„Утре не очекува празник на ракометот во Охрид. Гостува повеќекратниот првак Вардар, па нема подобра покана за охриѓани да дојдат во сала. Од натпревар во натпревар играме се подобро. Нонстоп сме во сала, дури и ’спиеме’ во сала за да се подготвиме уште подобро. Без разлика на сите проблеми со кои се соочува Вардар, знаеме што значи да се игра против шампионска екипа. Но, наше е да одиграме најдобро што знаеме. Ветувам дека ќе наметнеме жестоко темпо во текот на сите 60 минути и ќе пробаме да се избориме за поволен резултат. Ќе играме фанатична одбрана. Гледам жар во очите на играчите. Не се плашиме од никого, знам дека нема да се исплашат ниту од Вардар. Одиме да се надигруваме, а што ќе биде, ќе вдиме. Ги повикувам охриѓани да дојдат во што поголем број, бидејќи нивната поддршка многу ќе ни значи. Знам каква амтмосфера прават моите охриѓани, тие се подобри навивачи и од Чкембари и Комити“, изјави Андоновски.

Натпреварот меѓу Охрид и Вардар се игра утревечерв во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 19:30 часот.