Не се живее само од ракомет – Генсхајмер отвори ресторан, а има и бизнис со чорапи (ФОТО)

Една од главните ѕвезди на репрезентацијата на Германија, Уве Генсхајмер освен во ракометот, е активен и во бизнисот. Тој три сезони настапуваше во ПСЖ од каде што се врати во неговиот Рајн Некар Левен.

Веднаш по пристигнувањето во родниот Манхајм започна бизнис во угостителството и отвори ресторан. Партнер во работата му е школскиот другар Борис Антиќ, а неодамна понудата на ресторанот ја пробаа сите соиграчи од репрезентацијата.

„Добро ни тргна, немаме голем избор сеуште, но сè е секогаш свежо на тоа готвачите особено внимаваат“, прокоментира Генсхајмер.

Ова не е првпат Генсхајмер да се испроба во бизнисот, тој пред седум години влезе во бизнис со чорапи. Партнери во тој бизнис му се Швајцарците, Едни Шмид и Марко Вукелиќ. Оттаму потекнува и името на брендот „UANDWOO“.

Германците беа поразени во клучниот натпревар за полуфинале од Хрватска и потоа се изборија за петото место на ЕП. Генсхајмер е вистински капитен на тимот и во најтешките моменти не ја напушта репрезентацијата. Како што беше тоа случај на СП во Франција 2017 година кога почина татко му.