Не освоија медал на Африканското првенство, па му врачија отказ на селекторот!

Иако репрезентацијата на Тунис обезбеди пласман на Светското првенство 2023, кое ќе се одржува во Полска и Шведска, сепак, на Мундијалот во јануари ќе биде предводена од нов селектор.

Ракометната федерација на Тунис објави дека ја прекинува соработката со досегашниот селектор Сами Саиди, кој селекторската функција на Тунис ја презеде во текот на 2020 година, откако тогашниот селектор, Тони Херона замина во репрезентацијата на Србија.

Како главна причина за отказот на Саиди од туниската репрезентација е слабиот пласман на неодамна завршеното африканско првенство, на кое Тунис за првпат во историјата на ова натпреварување остана без медал освојувајќи го четвртото место.

Тунис на Светското првенство во 2023 ќе игра во групата Х заедно со репрезентациите на Данска, Белгија и Бахреин. Репрезентацијата на Тунис на Мундијалот во 2021 под водство на Саиди ја освои 25. позиција.