„Не знам кој дојде до идеја жени да судат на машките првенства“

Легендарниот германски пикер кој долги години го носеше дресот на „панцирите,“ Кристијан Шварцер, шокираше со изјавата во која ја даде за време на Мундијалот во Полска и Шведска.

Шварцер остро го искритикува делегирањето  на женски судиски парови на Светското првентво во машка конкуренција, и со тоа го навлече гневот од најголемиот дел на ракометните работници и јавноста. Шварцер посебно се осврна на судењето на германскиот судиски пар Маике Мерц и Тања Китлер.

Не знам како се дојде до идеја да им се допушти на женски судиски парови да судат на Светско првенство во машка конкуренција. Не сум мизогин, но тоа е само мое мислење и ве молам да го почитувате. Можеби имам малку застарени ставови но ќе продолжам да го говорам тоа што го мислам.

Свое видување на ова изјава имаше и судијката Маике Мерц.

Секој има право на свое мислење и не треба веќе да говориме  на таа тема.

Остро реагираше и претседателот на германскиот ракометен сојуз Андреас Микелман.

Жал ми е што толку голем ракометар има толку погрешно мислење. Неговата изјава е застарена и непримерна.