Не е шега: Еурофарм Пелистер носи светски играч во Битола (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер донесе нов ракометар, а во своите редови во новата сезона ќе го има поранешниот член на ППД Загреб и Фуксе Берлин, Стипе Мандалиниќ.

Репрезентативецот на Хрватска доаѓа како големо засилување на битолчани во новата сезона, а ова е показател дека се работи сериозно за новата сезона и дека клубот сериозно се подготвува да му парира на Вардар во трката за титулата.

Воедно со ангажирањето на Мандалиниќ се најавува и атак на добри резултати и во Лигата на Европа каде што сигурно ќе има место во групите поради тоа што Македонија има висок рејтинг.

Мандалиниќ ќе ги брани боите на екипата на Еурофарм Пелистер во следните две сезони.

Како што 24Ракомет објави пред една недела Мандалиниќ после спогодбениот раскин на договорот беше интересен за неколку екипи. Во комбинација беа и екипите на Вардар, Мешков Брест… Сепак, одлуката падна за Еурофарм Пелистер каде што во новата сезона тренерот Жељко Бабиќ ќе има неколку свои сонародници во тимот.

СТИПЕ МАНДАЛИНИЧ – НОВ ИГРАЧ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР!

Публикувахте от RK Eurofarm Pelister в Вторник, 12 май 2020 г.