Неуспешна прва проверка за „орлите“- Египет со Парондо триумфално низ Србија

Машката репрезентација на Србија имаше неуспешна прва проверка пред настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Момците на Ненад Перуничиќ, на кои им недостигаа играчите од Бундес лигата, на полувреме водеа со 14-12, но не издржаа во вториот дел и „фараоните“ предводени од Роберто Парондо направија пресврт, 27-28.

Овие две селекции и утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар во Ниш, а Србија на ЕП е дел од групата А во Грац, заедно со Хрватска, Црна Гора и Белорусија.