Неуспешна прва и последна контрола на Австрија пред ЕП

Репрезентацијата на Австрија која е домаќин на Европското првенство и противник на Македонија имаше неуспешен тест пред почетокот на првенството против Германија. Во „Штадхале“ Австрија загуби со 28:32 од Гемранија.

Аврстрија имаше добро прво полувреме по кое имаше само еден гол негатива 14:15. Домаќинот на дуелот беше рамноправен противник 40 минути до резултат 18:19. Следува неколку грешки во нападите кои Германците ги казнија поведоа 23:18.

Ова беше клучниот дел од натпреварот, водството кое го направи екипата на Прокоп беше доволно за конечна победа и успешен последен тест пред Европското првенство.

Најефикасен во тимот на Австрија беше Пош со осум погодоци, Билик постигна шест гола, а трет стрелец беше Божовиќ со пет гола. За составот на Германија, Цикер со шест гола беше најефикасен, а Колбахер беше прецизен пет пати.