Нема време за одмор – ракометарите со чартер лет за Букурешт, во комбинација Серафимов и Костески

Само една ноќ по високиот триумф над Романија во првиот натпревар од баражот за Светското првенство со 30-22, македонските репрезентативци патуваат за Букурешт со чартер лет.

Во комбинација за реваншот во романската престолнина ќе бидат истите ракометари што беа во ростерот вчера, плус Мартин Серафимов и Ненад Костески.

Од комбинација за настап отпаднаа голманот Марко Кизиќ, пикерот Марко Стојковиќ и средниот бек Игор Ѓоргиев.

Натпреварот меѓу Романија и Македонија се игра утре во Букурешт со почеток во 17:00 часот, а македонската делегација се враќа во Скопје веднаш по натпреварот.