Некои едвај собираат за една, тие имаат две сениорски репрезентации

Актуелниот Европски првак Шпанија се наоѓа во период кога покрај тоа што мора да се подготвува за натпреварите од Светското првенство во Египет треба да игра и средби од ЕХФ Евро купот против Хрватска.

Селекторот Жорди Рибера мораше да направи два состави бидејќи во исто време Шпанија е поканета и на турнир во Москва каде што ќе треба да игра против селекциите на Русија и Аргентина.

Затоа Рибера одлучи на дуелите против Хрватска на 5 и 9 јануари на располагање да го има првиот состав во кој се најдоа ракометарите на кои ќе смета и за Светското првенство во Египет.

На турнирот во Русија ќе одат играчи кои се дел веројатно од Б составот. Место имаше за 16 играчи и од нив некој сигурно би можел да најде место меѓу патниците за Египет доколку биде потребно.

СОСТАВ ЗА ЕХФ ЕВРО КУПОТ: Гонзало Перез де Варгас, Раул Ентресиос, Аитор Арињо, Алеш Гомез (Барселона), Родриго Коралес, Хорхе Македа (Веспрем), Дани Сармиенто (Ст. Рафаел), Анхел Фернандез, Даниел Душебаев, Алекс Душебаев (Келце), Јосу Гони (Шамбри), Жоан Канељас (Пик Сегед), Феран Соле, Виран Морос (ПСЖ), Адриа Фигерас (Нант), Хедеон Гвардиола (Лемго), Рубен Марчан (Адемар).

СОСТАВ ЗА ТУРНИРОТ ВО МОСКВА: Сергеј Ернандез (Бенфгика), Хоан Ледо, Хон Аске, Каулди Одриосола (Бидасоа), Јан Тарафета, Инаки Песиња, Имано Гарсијандија (Екс ан Прованс), Андер Искердо (Анаитасуна), Антонио Серадиља (Логроњо), Хаиме Фернндез, Гонзало Перез (Адемар), Абел Серџо (Висла Плоцк), Пабло Передес (Гвадалахара), Адрија Мартинез (Грањолерс), Хавиер Гарсија (Пуенте Хенил), Мигел Мартинез (Ваљадолид).